BUILDING A CULTURE OF QUALITY AND IMPROVING PRODUCTION EFFICIENCY THROUGH THE 5S SYSTEM
Abstract
Abstract The aim of this paper is to demonstrate the potential of the 5S system as an effective tool for improving production efficiency and fostering a sustainable quality culture in the workplace in modern industrial companies. The workspace functions as a mirror of the 5S system, demonstrating the organization's commitment to true excellence and continuous improvement. The implementation of the 5S principles (Sorting, Arranging, Cleaning, Standardizing, and Maintaining) not only helps reduce waste and improve safety but also fosters a corporate culture based on responsibility and initiative.
Full text
International independent scientific journal №80/2025 59 BUILDING A CULTURE OF QUALITY AND IMPROVING PRODUCTION EFFICIENCY THROUGH THE 5S SYSTEM Lulevska N. Faculty of Technical Sciences – Bitola, North Macedonia ГРАДЕЊЕ КУЛТУРА НА КВАЛИТЕТ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВЕНАТА ЕФИКАСНОСТ ПРЕКУ СИСТЕМОТ 5S Лулевска Н. Технички факултет-Битола, Северна Македонија https://doi.org/10.5281/zenodo.17878301 Abstract The aim of this paper is to demonstrate the potential of the 5S system as an effective tool for improving production efficiency and fostering a sustainable quality culture in the workplace in modern industrial companies. The workspace functions as a mirror of the 5S system, demonstrating the organization's commitment to true excellence and continuous improvement. The implementation of the 5S principles (Sorting, Arranging, Cleaning, Standardizing, and Maintaining) not only helps reduce waste and improve safety but also fosters a corporate culture based on responsibility and initiative. Апстракт Целта на овој труд е да го прикаже потенцијалот на системот 5S како ефикасна алатка за подобрување на ефикасноста на производството и поттикнувањето на одржлива култура на квалитет на работното место во современите индустриски компании. Работниот простор функционира како огледало на системот 5S, прикажувајќи ја посветеноста на организацијата кон вистинска извонредност и континуирано подобрување. Имплементацијата на 5S принципите (Сортирање, Распоредување, Чистење, Стандардизација и Одржување) нѐ само што помага во намалувањето на загубите и подобрувањето на безбедноста, туку и поттикнува корпоративна култура заснована на одговорност и иницијатива. Keywords: 5S system, quality culture, efficiency, production management. Клучни зборови: 5S систем, култура на квалитет, ефикасност, управување со производство. Вовед Современата економска состојба се одликува со висок степен на неизвесност и постојани притисоци врз индустрискиот сектор, како резултат на глобалните финансиски нестабилности, ограничената достапност на ресурси и зголемување на конкуренцијата како на меѓународно, така и на национално ниво. Во такви околности, концептот на lean производство станува особено значаен, бидејќи обезбедува долгорочна одржливост на претпријатијата преку систематска оптимизација на процесите, минимизирање на непотребните трошоци и максимизирање на ефикасноста за управување со расположливите ресурси [1]. Со континуирано подобрување на условите за развој на индустриските компании, станува неопходна имплементација на методи за управување и систематско мерење на перформансите на индустриските процеси [2]. Една од најшироко прифатените алатки е 5S, која што се смета за основна lean алатка, бидејќи ја воспоставува оперативната стабилност потребна за правење и одржување на континуирани подобрувања. За индустриските компании кои работат во средина која секојдневно е подложна на нестабилност, зголемена конкуренција, ограничувачки извори на инвестиции и влијанието од надворешните економски нестабилностите, системот 5S добива особено фундаментално значење. Во тој поглед, рационалното и ефикасно користење на внатрешните ресурси се наметнува како примарна стратешка цел, насочена кон зголемување на продуктивноста на трудот, стабилизирање на оперативните процеси и обезбедување долгорочни конкурентски предности. Системот 5S 5S претставува збир на пет правила за организирање на работниот простор и е една од најпрепознатливите алатки за примена, бидејќи лесно се применува и добиените резултати се веднаш видливи. Целта на оваа алатка е ефикасно и ефективно реализирање на конкретни задачи, односно создава безбедна работна средина за работниците. Патот за lean трансформација директно зависи од 5S бидејќи поставува структура и дисциплинираност која е неминовен фактор за постојани промени. Успешната имплементација на lean започнува со воведувањето на 5S. Алатката 5S потекнува од јапонската филозофија и се состои од првите пет букви од јапонските зборови кои ги означуваат неопходните предуслови за добро функционирање на процесот и преземање на мерки за нивно подобрување: 1. Сортирање (Seiri) - подразбира подредување на алатките и другите материјали на работното место на начин на кој што оние кои се најупотребувани ќе бидат на дофат, додека оние кои не се користат ќе бидат поставени подалеку или нивно отстранување. Со ова се зголемува ефикасноста и како најголема предност се намалува времето за пронаоѓање на алатките.
International independent scientific journal №80/2025 60 2. Распоредување (Seiton) - подразбира подредување на алатките и останатите материјали што се важни со цел да бидат лесно достапни или да се направи место за сѐ и сѐ да биде на своето место. Со ова вработените ќе имаат лесен и брз пристап до потребната алатка или материјал. Резултатот од примената на овој принцип ќе биде минимизирање на непотребните движења. 3. Чистење (Seiso) - подразбира редовно чистење на машините и просторот на работа со цел да се минимизираат проблемите поврзани со нечистотијата. Овој принцип е од суштинско значење за одржување на работната средина, често може да се јави и во функција на детекција која идентификува невообичаени состојби пред да настане дефектот. Овој принцип мора да се примени секој ден од страна на работникот за да се осигура дека работното место е чисто и дека секој алат е на своето место. 5S тимот треба да одлучи: Што треба да чисти? Како да се исчисти? Кој ќе го врши чистењето? Дали откако чистењето е завршено, е навистина чисто? 4. Стандардизација (Seiketsu) - подразбира дека претходните 3S правила треба да се стандардизираат и за истите да се напишат процедури. По некое време, се врши избор на најдобрите практики за сортирање, рапоредување и чистење, за потоа работниците да се придружуваат до нив. 5. Одржување (Shitsuke) - подразбира поддршка на континуирано одржување на културата на 5S. Со овој принцип се мотивираат менаџерите и работниците да ги следат принципите на 5S, да одржуваат дисциплина и навика за продолжување на редот и стандардизираните процеси. Најдобро одржување на 5S културата ќе биде онаа каде ќе има континуирана едукација. На слика 1 е прикажана алатката 5S. Слика 1. 5S алатка 5S работниот простор го остава уреден, чист, практичен и било кој материјал или друга потребна алатка да биде лесно достапна. Најдобриот начин за приказ на целата lean филозофија на вработените е преку 5S правилата за организирање на работниот простор и негово одржување. 5S на максимален начин го рационализира просторот на компанијата и ги елиминира непотребните движења на вработените со тоа што сите потребни алатки и материјали се лесно достапни и секогаш на позицијата каде што треба да бидат заради подобра видливост и полесен пристап до нив. За постигнување на максимални синергистички ефекти и за успешна имплементација на 5S принципите како дел од неопходните активности потребна е постојаната евалуација на работата на работниците, собирањето на потребните информации, одржувањето на неделни состаноци и дискусии со работниците. Аристотеловата изрека „успехот не е активност, туку навика“ ја добива целосната потврда бидејќи во нејзината суштина се идеите кои поттикнуваат акција, додека акциите создаваат навики, навиките создаваат карактер и со тоа го одредуваат патот во иднина.[3] Придобивки од примена на системот 5S Имплементација на 5S ќе донесе многу придобивки, како што се отстранување на непотребни работи во процесот на производство, подобрување на комуникациските вештини, намалување на времето на производство и отпадот од материјали, како и зголемување на удобноста и ефикасноста на работното место. Организираниот распоред на елементите потребни за процесот директно влијае на перформансите на производството во компанијата. Примери за придобивките од примената на 5S се прикажани во Табела 1.
International independent scientific journal №80/2025 61 Табела 1. Област на активност Опис на придобивките Квалитет на производите • Повисок квалитет на производот • Подобрен квалитет на активностите во производствениот оддел Здравје и безбедност при работа • Намален број на несреќи • Поголема безбедност на работното место Работна продуктивност • Подобра организација на работата • Намалување на губењето време при барање на потребните елементи • Подобра соработка меѓу работниците Економски ефекти • Намалување на отпадот • Намалување на влијанието врз животната средина • Намалени оперативни трошоци поради намалување на залихите • Оптимално користење на ресурсите Залихи • Намалување на залихите на резервни делови • Намалување на залихите во производство Задоволство на вработените • Подобри работни услови • Поголема мотивација за работниците • Подобра организација Заклучок Примената на системот 5S се одразува во трансформацијата на физичката работна средина, и во преобликувањето на ставовите и навиките на вработените, што резултира со повисоко ниво на дисциплина, одговорност и навика за постојано подобрување. 5S овозможува воспоставување на стабилни стандарди, поголема видливост на процесите и создавање работна култура која го поддржува одржливиот развој. Тоа е моментот кога работната средина почнува да го одразува начинот на размислување, а работното место станува огледало на целата организациска култура. Системот 5S е практичен, економичен и универзално применлив. Примената на 5S не е само техничка алатка, туку практичен начин да се воведе ред и јасност во секојдневните активности. При спроведувањето на методологијата, јасно се гледа колку многу значи кога процесите се поедноставни, работните места организирани, а одговорностите прецизно поставени. Во време кога индустриската средина е динамична и ресурсите се ограничени, 5S претставува сигурен механизам не само за намалување на загубите, туку и за градење стабилна и одржлива култура на квалитет. References: 1. Афанасьев, Д.А. (2020). Бережливое производство. Евразийский научный журнал, №5. 2. Badea, F., & Burdus, E. (2009). Contributions on the lean management in the current evolution of a Company. J. Economia - Management, 12, 168–179. 3. Ђуришић, М. (2009). Успешно управљање lean путовањем. Квалитет – часопис за унапређење квалитета, 11–12, 40–46. 4. Gemba Academy. (n.d.). 5S Glossary. Available at: https://www.gembaacademy.com/resources/gembaglossary/5s [Accessed: 3 Dec 2025] Користена литература: 1. Афанасьев, Д.А. (2020). Бережливое производство. Евразийский научный журнал, №5. 2. Badea, F., & Burdus, E. (2009). Contributions on the lean management in the current evolution of a Company. J. Economia - Management, 12, 168–179. 3. Ђуришић, М. (2009). Успешно управљање lean путовањем. Квалитет – часопис за унапређење квалитета, 11–12, 40–46. 4. Gemba Academy. (n.d.). 5S Glossary. Available at: https://www.gembaacademy.com/resources/gembaglossary/5s [Accessed: 3 Dec 2025]